Лионел Меси одигра нова фантастична партија фудбал, што ја зачини со два гола во победата на Барселона од 3:0 против Елче во меч од Ла Лига.
Првиот гол беше по фантастичната акција на Меси и на Брајтвајт, кој асистираше со петица за водечки погодок во 48-мата минута.
И вториот гол во 69-тата минута беше по одлична акција. Поголемиот дел со фантастичен соло продор го заврши Де Јонг, а Меси пак беше на вистинското место за втор гол на мечот.
Потоа ја почна и акцијата за последниот погодок на мечот, што ја круниса со гол Жорди Алба. Барселона со 15-тата победа во Ла Лига стигна до 50 бодови на третото место, пет помалку со меч повеќе од лидерот Атлетико Мадрид и два помалку од Реал Мадрид.