Контроверзната одлука на шпанскиот судија Хезус Хил Мансано да не им дозволи на фудбалерите на Црвена ѕвезда да изведат корнер кој ќе им беше последна шанса да постигнат гол и да победат Милан на синоќешното гостување во Милано, ги налути Црвено-белите од Белград, а денеска по враќањето дома, Ѕвезда приреди шоу за навивачите кои ги пречекаа како херои, и сепак изведе корнер по кој даде гол.
Тренерот Дејан Станковиќ беше во улога на изведувач на корнерот, а Милан Павков до глава ја испрати топката во голот на помошниот терен на Ѕвезда. Кога топката влезе во голот, сите играчи почнаа да слават, а на трибините навивачите „грмеа“.
Погледнете: