Барем еден италијански тим нема да се жали на судењето, тоа е Милан (Видео)

Шпанскиот судија Хесус Хил Мансано неодамна имаше храброст да стане првиот судија кој му покажал црвен картон на Лионел Меси во дресот на Барселона, но вечерва истиот арбитер немаше храброст да им дозволи на фудбалерите на Црвена ѕвезда да изведат корнер во последните секунди од гостувањето кај Милан.

Наместо корнер за Ѕвезда, Хил Мансано отсвири крај на средбата и не дозволи последна шанса за белградските Црвено-бели евентуално да дадат гол со кој би го елиминирале седумкратниот европски првак. Играчите и тренерот Дејан Станковиќ бурно реагираа, но судијата се правеше како да не слуша ништо и беше убеден дека правилно постапил бидејќи само што истекоа трите минути дополнително време.

Синоќа Аталанта, а вечерва и Наполи се жалеа на судењето, „плачеа“ дека судиите немаат почит кон италијанските клубови, но на мечот Милан – Црвена ѕвезда не беше така.

https://youtu.be/pd9RaJtagHY

- Оглас -

Најнови вести