Икарди во болнички кревет со маска за кислород предизвика многу шпекулации

Со фотографијата која ја објави на Инстаграм, на која лежи во болнички кревет, со маска за кислород, аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди, загрижи и исплаши многу навивачи на неговиот клуб Пари Сен Жермен.

Икарди не е ставен на списокот на играчи за мечот со Дижон, и после ова со маската, затоа многумина се запрашаа што се случува со Мауро. На социјалните мрежи брзо се рашири вест дека тој има коронавирус.

Но, вистината е поинаква. Икарди нема да игра против Дижон поради стомачни проблеми, а тоа што добиваше кислород не е затоа што е заразен од Ковид-19, туку бидејќи тоа е добар метод за намалување на насобраниот замор после напорите. Иста ваква постапка користеше и Нејмар пред финалето на ЛШ против Баерн минатата година.

И сопругата на Икарди, Ванда, потврди дека Мауро е добар, и сподели нивна заедничка фотографија од вечерата.

- Оглас -

Најнови вести