Што се случува со Нејмар, сликан е во болница со маска за кислород (Фото)

Навивачите на Пари Сен Жермен беа шокирани и исплашени кога видоа на „стори“ на инстаграм-профилот на Нејмар дека Бразилецот денеска бил во болница и има маска за кислород. Нејмар напиша енигматична порака: „Бидете внимателни“.

Оваа слика покрена лавина од реакции и прашања каква е здравствената состојба на најскапиот фудбалер на светот. Не е првпат тој да се појавува со маска за дишење. Сепак, по бројните коментари, со смирувачка изјава се јави неговиот портпарол и рече дека ова е нормална процедура за закрепнување по некој напор и дека на Нејмар не му е првпат да го прави ова.

 

- Оглас -

Најнови вести