Дербито во Италија е меѓу најдобриот домаќин и најдобриот тим на гостински терен

До неодамна Милан играше одлично, а Росонерите беа лидери во Серија А. Тоа беше тимот кој последен претрпе првенствен пораз во Топ 5 лигите. Сепак, тимот на Стефано Пиоли како да се замори и веќе не игра толку убедливо. Милан има само две победи во последните осум средби во сите натпреварувања и ја загуби лидерската позиција во првенството, а на среќа помина во следната фаза од Лигата на Европа.

Во првенството Милан има три порази од последните пет средби, а вечерва ги очекува нов голем предизвик. Росонерите ќе гостуваат на „Олимпико“ против Рома. Римската волчица е најдобриот тим на домашен терен сезонава во Серија А. Тие се единствени кои немаат пораз дома и во 12 дуели наредија девет победи и само три нерешени.

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека подготвува интересна формација со 3-4-2-1, како Мајорал најистурен во нападот, а зад него ќе бидат Мхитарјан и Ел Шарави.

Адут за Милан е тоа што тоа е екипата со најдобар биланс на гостински терен. Во 11 гостувања, Росонерите имаат девет победи, едно реми и само еден пораз. Слично како Рома и Милан планира да игра со еден класичен напаѓач и тоа Златан Ибрахимовиќ. Во формацијата 4-2-3-1 на тренерот Стефано Пиоли, најверојатно место во стартниот тим ќе има за следниве 11.

Доколку верувате дека во дербито ќе има барем еден гол на полувреме, а најмалку три на крајот, треба да ја искористите понудата од Квоти на денот во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести