Златан Ибрахимовиќ и Синиша Михајловиќ се распеаја на Сан Ремо во историски настап на две фудбалски ѕвезди на познатиот фестивал во Италија.
Ова беше прв настап на тандем познати фудбалски ѕвезди на еден од најзначајните музички настани во Европа, а и Синиша и Златан имаат со што да се пофалат бидејќи покажаа дека имаат солидни вокални квалитети.
Ибрахимовиќ и Михајловиќ имаа помош во изведбата од две музички имиња, а заедно го пееја познатиот хит „Ло Вагабондо“.
Get a striker who can do it all. Calcio legend and a singer. There can only be one ZLATAN #Ibrahimovic #sanremo pic.twitter.com/WFxQTiOMvV
— TheMilanGuys (@TheMilanGuys) March 5, 2021
Претходно на Сан Ремо свој настап имаа Роберто Баџо, Франческо Тоти, Антонио Касано и уште неколку познати фудбалски имиња.