Јувентус и без Роналдо ги освои трите бода во дербито

Јувентус со пресврт славеше против Лацио на мечот одигран во Торино. Актуелниот италијански првак на овој меч беше без првата ѕвезда Кристијано Роналдо, но тоа не беше причина да не стигнат до нови три бода со кои ја најавуваат кандидатурата во борба за шампионскиот трофеј.

Мечот не почна најдобро за Старата дама, затоа што Жоакин Кореа во 14 минута го доведе Лацио во водство од 1:0. Предноста на гостите беше до 39 минута кога Рабио израмни на 1:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во првите 15 минути од второто полувреме беа решени сите дилеми околу победникот, а во главна улога беше Алваро Мората. Голгетерот на Јувентус најпрво погоди во 57 минута за водство на домаќините, а три минути подоцна беше сигурен и од пенал за 3:1.

Лацио сега е се подалеку од борбата за четвртото место затоа што остана на 43 бодови, шест помалку од Аталанта која е на посакуваната позиција што води во Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести