Пораз што ќе боли, Штрковите приземјени пред самата цел (видео)

МЗТ Скопје ја испушти победата од раце во последната минута во драматичната битка против Младост Земун со конечни 75:82 во 10-тото коло од АБА2 лигата. Поразот ќе ги боли Штрковите бидејќи го завршуваат мини-турнирот во Сараево со 2-1 учинок по победите над Работнички и Ловќен.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов одиграа многу подобра втора четвртина откако му дозволија на противникот да поведе со 13-18 во воведните 10 минути. Во серијата од 8-0 пред паузата, Олуџоби погоди погоди шест слободни фрлања, па МЗТ замина со +7 на заслужен краток одмор.

Иако Младост тргна во засилено темпо во вториот дел, Металците надополнија нови -7 и држеа минимална предност до последната минута. За жал на МЗТ, српскиот состав стави точка на мечот со експресни девет поени, а сè почна со клучната тројка на Мичел за 75-77.

https://twitter.com/ABA_League2/status/1368607154064785409

Олуџоби со 18 поени заврши како најефикасен играч на средбата, Мекиќ ги заслужи своите минути со 14 поени, додека Милосављевиќ го предводеше Младост со 17 поени и 5 скока.

- Оглас -

Најнови вести