Јирген Клоп не сака, Ханси Флик ако одбие, Штефан Кунц ќе биде нов селектор на Германија

Јирген Клоп се изјасни дека не сака да биде нов селектор на Германија, по најавата на Јоаким Лев дека ќе си замине по завршувањето на Европското првенство во јули годинава, но Елфот се уште има моќни опции.

Сега како главен  кандидат се најавува Ханси Флик тренерот што прави чуда со Баерн Минхен. Флик ги освои сите можни титули, откако го презеде кормилото на германскиот гигант. Стана германски, европски и светски првак, победи во Суперкупот на Европа и Суперкупот на Германија и го освои пехарот во германскиот куп, што е врвна препорака за кормилото на четирикратниот светски првак, Германија.

Ако и Флик одбие, што е сосема можна варијанта, тогаш челниците на германската федерација ќе преговараат со Штефан Кунц, кој моментно е селектор на младите Германци во селекцијата до 21 година.

Со младите Германци во 2017 година стана европски првак на шампионатот во Полска, на кој Македонија имаше историски настап на големите натпреварувања.

Тогаш не игравме со Германците, а ако Кунц биде нов селектор на А репрезентацијата на Германија, тогаш ќе ни биде гостин со четирикратните светски прваци на 11. октомври во Скопје во квалификациски меч за настап на Мундијалот во Катар идната година.

На првиот меч меѓу Германија и Македонија на 31. март, селектор на фудбалската велесила против нас ќе биде Јоаким Лев.

Неговиот сегашен асистент Маркус Сорг исто така е кандидат за негов наследник, но само ако Флик и Кунц одбијат да го заменат Лев.

 

- Оглас -

Најнови вести