Екипата на Хувентуд за која игра македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ, вечерва извојува победа на гости кај француски Нантер од 95-88 во клучниот меч за пласман во четвртфиналето во Еврокупот.
Нашиот репрезентативец играше нешто помалку од 18 минути, и имаше забележителен настап со 14 поени (трети стрелец во својот тим), погодувајќи ги сите седум шута за два поени, а имаше и по два скока и асистенции.
Во четвртфиналето кое се игра во две добиени средби кон крајот на месецов, Хувентуд ќе се сретне со Виртус Болоња. Тоа ќе биде шанса за Димитријевиќ да има директни дуели против еден од најдобрите европски плејмејкери, Милош Теодосиќ.