Со чудесни одбрани го спаси тимот од пораз, а по мечот бараше пари (Видео)

Раднички Ниш успеа да одигра нерешено во дуелот против фаворизираниот Чукарички, во меч од 27. коло на фудбалското првенство во Србија. Чукарички е еден од најдобрите екипи на свој терен и има 10 победи во 14 средби, но против Раднички не успеа да го скрши отпорот на гостите.

Херој на мечот беше голманот на Раднички, Боривоје Ристиќ кој имаше неколку неверојатни одбрани, посебно во завршницата на мечот. По завршување на дуелот, Ристиќ немаше многу причини за радост, туку веднаш се фокусираше кон челниците на клубот кои беа на трибините и почна да им вика. „Донесете пари, веднаш“ се дереше Ристиќ додека дел од членовите на стручниот штаб се обидуваа да го смират.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести