Чудни случувања на мечот ПСЖ – Нант (Фото)

Пари Сен Жермен ги шокираше своите фанови со поразот од 1-2 против Нант кој до пред ова коло беше претпоследен на табелата во француската лига, па Светците наместо да го стигна лидерот Лил, сега се на три бода зад првопласираниот. И не само тоа, туку ПСЖ со голот на Дракслер водеше со 1-0 по првото полувреме и се очекуваше рутинска победа, но во второто полувреме се случи пресврт.

ПСЖ од 2012 година немаше загубено два домашни мечеви по ред.

Чудни случувања имаше и надвор од теренот. Спортскиот директор Леонардо од трибините му довикнуваше нешто на тренерот Маурисио Покетино во врска со Анхел Ди Марија, а откако со некого зборуваше по телефон, Покетино веднаш го извади Ди Марија. Аргентинецот замина во соблекувална, а не остана на клупа со резервите како што е вообичаено.

Најпрвин се шпекулираше дека Леонардо наредил Ди Марија да излезе поради слаба игра, но новите информации се дека всушност Ди Марија е повлечен од „приватни причини“ (се шпекулира дека вечерва крадци му ја ограбиле куќата).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести