По Кулушевски загубивме уште еден голем талент: Реши да игра за Србија, затоа што има подобри услови да напредува

Влада Новевски е талентиран фудбалер кој изминативе четири години беше дел од младинските категории на македонската фудбалска репрезентација, но од сега ќе биде поинаку. Новевски кој е роден 2002 година, реши дека во иднина нема да го носи дресот на Македонија, туку ќе биде репрезентативец на Србија.

Новевски е роден во Нови Сад и го носи дресот на Војводина, но има потекло од Македонија. Токму затоа беше дел и од малдинските селекции на Македонија, каде одигра дури 16 натпревари за У16, У17, У18 и У19. Сепак, во иднина Новевски веќе нема да ги брани боите на Македонија, туку ќе го облече дресот на Србија.

„По разговорите со директорот на репрезентацијата Никола Лазетиќ, заедно со родителите дефинитивно, донесов одлука дека по четири години играње во сите категории за Македонија, сега да играм за Србија. Ќе ми биде чест да го носам дресот на Србија“, изјави Новевски, за српските медиуми.

Тинејџерот игра на позиција десно крило, а причина за одлуката да го смени националниот дрес е тоа што во Србија има поголеми шанси за развој.

„Едноставно проценката е дека тука ќе имам подобри услови за развој. Добив потврда од фудбалската федерација на Србија која ми гарантира добра работа и се надевам на целосна афирмација. Во Војводина сум од пионери, познавам голем дел од играчите во репрезентацијата и на мене ми останува да продолжам со напорна работа. Сакам да се заблагодарам на Фудбалската федерација на Македонија на се тоа што ми го понуди во младинските категории“, додаде Новевски по одлуката да го смени репрезентативниот дрес на Македонија со тој на Србија. ВО скоро време се очекува Влада да дебитира за У21 за Србија.

Новевски е еден од низата на млади и талентирани фудбалери кои како тинејџери го носеле дресот на Македонија, а потоа се решаваат да „избегаат“ и да заиграат за други репрезентација. Најпознат таков пример од блиското минато е Дејан Кулушевски. Ѕвездата на Јувентус кој сега е рамо до рамо со Кристијано Роналдо, беше дел од македонската младинска репрезентација, но потоа реши да игра за Шведска.

- Оглас -

Најнови вести