Луди бројки во Германија – Ханза ја бодреа 777 навивачи, дербито меѓу Лајпциг и Баерн ќе се игра пред 999 гледачи

Германците викендов почнаа да експериментираат со кам-бек на публиката на стадионите, а како лакмус им послужи мечот од Третата лига меѓу Ханза и Халешер, што се играше со присуство на точно 777 навивачи на домашниот тим.

Експериментот ќе продолжи по мартовските квалификациски дуели на германската репрезентација против Исланд на 25-ти, со Романија три дена подоцна и против Македонија на 31. март.

Најавено е дека дербито на сезоната во Бундеслигата меѓу Лајпциг и Баерн Минхен на „Ред Бул арена“ ќе се игра пред точно 999 навивачи.

Вкупниот капацитет на еден од најмодерните фудбалски стадиони во Германија е точно 42.959 места.

Баерн е лидер во Бундеслигата со 61 бод, а Лајпциг е веднаш зад него на второто место со 57 бода, па ова може да биде и меч што ќе ја одлучи и судбината на првенството, односно битката за титулата.

До крајот на германскиот шампионат има уште 8 кола и главната битка е меѓу овие два клуба.Баерн е рекордер во Германија со 30 шампионски круни, додека Лајпциг ја чека првата титула.

 

 

- Оглас -

Најнови вести