Златан Ибрахимовиќ имаше ново фудбалско ремек-дело што за жал не заврши во мрежата на Фиорентина, иако го изненади голманот на домаќините и ја погоди стативата.
Со чуден удар откосо од голема далечина и со чуден фелш Ибрахимовиќ во негов стил лежерно се обиде да го изненади резервниот голман на Фиорентина, Пјетро Терачијано, кој го замени Драговски пред крајот на првото полувреме.
Златан постигна еден гол во победата на Милан против Фиорентина со 3:2, но штета е што со феноменалниот удар не се запиша повторно во листата на стрелците.