Јонас Хофман има позитивен тест на Ковид-19 и веднаш е изолиран во карантин, а со него во аут за вечерашниот меч меѓу Германија и Исланд е и Марсел Халстенберг, кој бил во контакт со играчот на Борусија Менхенгладбах.
Ова значи дека и двајцата нема да играат за Германија, вечерва против Исланд во Дуизбург од 20.45 часот, а нема да патуваат ниту за Романија на вториот квалификациски меч за СП во Катар и нема да играат ниту против Македонија на 31. март повторно во Дуизбург.
Сите германски фудбалери денеска откако е откриен случајот со Хофман и Халстенберг се повторно тестирани и сите имаат негативни наоди на корона-вирус.
Германија и Исланд ќе го играат својот премиерен меч во Ј групата за настап на Мундијалот во Катар и тоа во исто време, од 20.45 часот кога ќе почне и дуелот меѓу Романија и Македонија во Букурешт.
И третиот меч од нашата група меѓу Лихтенштајн и Ерменија се игра во истиот термин со што ќе се комплетира стартното коло во нашата група за пат во Катар, на СП што ќе се игра идната година.