Минатата 2020 година ќе остане запаметена по разните видови на заклучувања и борбата против пандемијата од коронавирусот, вече е март 2021, а публика уште нема да стадионите, освен во Русија и уште некоја „храбра“ земја.
Затоа, и не чуди податокот дека во 2020 година, Светската фудбалска федерација, ФИФА, заработила повеќе пари од спортските симулации и видео игри, отколку од вистинскиот фудбал.
ФИФА имала заработка од 266 милиони долари, а од оваа сума, дури 59,7 проценти се од продажба на лиценци за видео-играта ФИФА. Е-спортот растеше во текот на пандемијата, но очекувањата се дека наредната 2022 година кога ќе има Светско првенство во Катар, приходите ќе се вратат на старо, и најголемите приходи ќе бидат од реалниот фудбал.