Главниот холандски арбитер Дени Макели се најде на удар на критики по квалификацискиот дуел меѓу Србија и Португалија, кој заврши со реми од 2-2 во Белград само затоа што делителот на правдата направи голема грешка што не го призна регуларниот гол на Кристијано Роналдо.
Макели посочи дека му се извинил на селекторот Фернандо Сантош и португалската репрезентација, а додаде дека и самиот не е задоволен околу целата ситуација.
„Секогаш напорно работиме за да донесеме што подобри и праведни одлуки. Во договорот со политиката на ФИФА можам само да кажам дека се извинив на Сантош и португалските фудбалери. Кога се случуваат вакви работи, секако дека не можеме да биде задоволни“, посочи Макели.
Познато е дека за мундијалските квалификации не се користи ВАР-системот, ниту технологијата гол-линија, која со сигурност ќе му излезеше во пресрет на капитенот Роналдо, кој беше многу лут што судиите не забележаа дека целата топка ја помина линијата од голот на српскиот национален состав.