Стојков во свој стил напаѓачки, има тикет за Серија А со коефициент од 135

3001 Милан – Сампдорија (Сабота, 12.30 часот)

Милан игра пред се за да го задржи второто место, но и за да се обиде да му се закани на градскиот ривал Интер во трката за титулата, ако за тоа се создаде можност.

Росонерите немаат избор освен да ја победат Сампдорија, бидејќи се закануваат Јувентус, Аталанта, па и Наполи да им ја загрозат позицијата.

Проблем ќе им биде отсуството пред се на Ромањоли, но Милан сепак успеа да се екипира и Пиоли има одличен избор на играчи за да ја победи Сампдорија.

Гостите можат да бидат опасни, бидејќи се во комотна позиција да играат релаксирано. Очекувам и тие да играат напаѓачки, но не верувам дека ќе приредат сензација на „Сан Сиро“.

Предлог тип: 1 &1+I&1+II (2.80)

 

3002 Беневенто – Парма (Сабота, 15 часот)

Духот во екипата на Беневенто верувам дека се уште е на високо ниво по сензацијата што ја направија во Торино, каде го победија Јувентус.

Иако имаше пауза поради настапи на репрезентациите таква победа е голем потстрек за екипа од калибарот на Беневенто. Парма е во тешка ситуација со само 19 бода на претпоследното место и ќе мора да игра офанзивно за да победи.

Беневенто може да го користи просторот што ќе го остават гостите, за контранапади, во меч што е многу значаен за двете екипи.

Парма има само една победа во 2021 година, што е податок дека се во исклучително лоша форма и очекувам тоа да го искористат играчите на Беневенто и да победат.

Предлог тип: 1 (2.65)

 

3004 Калјари – Верона (Сабота, 15 часот)

На последните четири меѓусебни дуели двете екипи даваа гол и очекувам и денеска да биде така, но со барем уште еден погодок плус во една од двете мрежи.

Калјари со две победи по ред успеа да ја сопре катастрофалната серија од 16 меча без триумф, но сега пак влезе во мини-серија од три натпревари на кои не успеа да слави.

Од нив очекував многу повеќе, бидејќи имаат солиден тим, но предолг период не победуваа и логичен расплет е претпоследното место.

Ќе мора да нападнат против екипа што нема грижи за опстанокот и ќе сакаат да го искористат падот на формата на Верона, која има три порази по ред.

Мотивите се различни, Калјари нема избор, освен офанзива по три бода, а Верона нема да сака и четврти пораз по ред, што е најава за голови на Сардинија.

Предлог тип: ГГ3+ (2.60)

 

3007 Сасуоло – Рома (Сабота, 15 часот) 

И Сасуоло и Рома имаат многу проблеми со повреди на играчите што им се одрази и на резултатите во последно време. Рома се уште има шанси за четвртото место, но само ако не загуби, или ремизира денеска со Сасуоло.

Клубот од областа Емилија Ромања ги собра симпатиите на љубителите на фудбалот со одлични игри во последните две-три сезони, а и во овој циклус играат многу солидно.

Денеска ќе им недостасуваат неколку играчи, пред се Капуто и Дефрел, но нема да отстапат од намерата да играат офанзивно и против Рома, екипа која е фаворит.

И Волчицата сака да напаѓа, стилот им е офанзивен и очекувам интересен меч и многу голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ4+ (2.75)

 

3009 Торино – Јувентус (Сабота, 18 часот)

Јувентус има лоша сезона за клуб со богата традиција и најмногу шампионски круни во Италија, но не смее да си ја искомплицира работата и со евентуален пад на табелата што може да им го загрози и учеството во Лигата на шампионите.

Добро е што имаа подолга пауза по сензационалниот пораз од Беневентно, но сепак имаат многу репрезентативци што ќе чуствуваат замор. И епизодата со Мекени, Артур и Дибала, кои се казнети од Пирло покажува дека нешто не штима во редовите на Старата дама.

Сепак противник им е Торино, кој игра очајно сезонава и типувам дека ќе успеат да победат и да останат во позиција да бидат фаворити за пласман на првите четири позиции, кои гарантираат настап во Лигата на шампионите.

Предлог тип: 2&2-4 (2.55)

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести