Алексеј Покушевски ги надмина сите фрустрации во првата сезона што ја игра во НБА лигата, а ноќеска се запиша во историјата на најсилната кошаркарска лига.
Младиот српски репрезентативец, кој има само 19 години постигна 20 поени против Феникс санс и заедно со врсникот од Франција Тео Маледон, кој уфрли 33 поени станаа првиот тандем кошаркари од ист тим што на ист меч постигнале заедно 20+ поени, пред да наполнат 20 години.
Покушевски е интересна приказна, а ноќеска воопшто и не тебаше да игра. Беше објавено дека ќе мора во карантин, бидејќи има симптоми на Ковид-19, но сепак имаше негативен тест и ги запази строгите Ковид протоколи, па дури успеа и да биде дел од историјата на НБА лигата, заедно со Маледон.
Poku All-Time NBA Ranks After Career Game 28
PTS – 3,040th (+78 on NBA All-Time list) Passes Deonte Burton
REB – 2,659th (+19) Marcus Haislip
AST – 2,806th (+40) Greg Oden
3's – 1,211 (+49) Reggie Lewis
STL – 2,574 (+20) Willis Reed#PokuStats #ThunderUppic.twitter.com/wz8p7KrA1t— Aleksej Pokuševski Stat Tracker (@PokuStatTracker) April 3, 2021
Пред неколку месеци одигра катастрофален подготвителен натпревар и веднаш се најде во фокусот кај Шекил О`Нил. Во многу гледаното шоу „Шектин а фул“ беа прикажани инсерти од утките на Алексеј, а многу брзо потоа беше испратен на „калење“ во вториот тим на Оклахома.
Со добри игри успеа да се врати на големата сцена и игра одлично на 19-годишна возраст. Досега одигра 27 натпревари за Тандер, има неколку меча со 20+ поени, а просекот му е 6.3 поени и 4.8 скока.