Од ден на ден, Лука Дончиќ станува сè поголема ѕвезда во НБА-лигата. Тинејџерот кој ја игра дебитантската сезона во најсилната лига на светот, едноставно е незадржлив за противниците. Дончиќ одигра уште еден меч, и тоа во дербито на Тексас, за победа на Далас од 128:108 против Хјустон.
Лука со својата игра го засени дури и Џејмс Харден, кој имаше трипл-дабл со 25 поени, 17 асистенции и 11 скока, но сите зборуваат за тоа што го прави 19-годишниот играч на Далас. Дончиќ одигра само половина меч, но и тоа беше доволно да го покаже целиот свој талент.
Уште на почетокот од мечот, Словенецот „му продаде“ финта на Харден и погоди тројка, покажувајќи дека ова е негов меч.
https://twitter.com/dallasmavs/status/1067951313584046080
Потоа покажа како од кош на кош може да ја помине целата противничка одбрана и „крвнички“ да забие, а на крајот од првото полувреме изведе шоу и погоди тројка од речиси половина игралиште пред да истече времето.
GET UP LUKA! pic.twitter.com/vP4uuwgtJt
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) November 29, 2018
LUKA!!! pic.twitter.com/GgRhSTlCaY
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) November 29, 2018