На Македонија – Украина и Македонија – Австрија во Букурешт ќе смее да има 13.000 гледачи!

Натпреварите од Европското првенство во фудбал кои ќе се играат во Букурешт ќе се играат со ограничен број гледачи. Одлуката ја донесе Министерството за спорт на Романија. На трибините ќе смее да има најмногу 13 илјади луѓе.

Министерот за спорт на Романија, Едуард Новак, ја потврди веста дека ќе се дозволи трибините на националниот стадион да бидат исполнети со 25 проценти од вкупниот капацитет.

Секој навивач кој ќе сака да влезе на трибините, ќе треба да достави доказ дека не е инфициран со корона-вирус или дека примил вакцина. Има опција и тестирање да се направи веднаш пред почетокот на натпреварот.

Во Букурешт треба да се играат мечеви од групата Ц, и тоа Австрија – Македонија, Украина – Македонија и Украина – Австрија, како и едно од осумте осминафиналиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести