Силекс го урна бедемот на Струга, кратовци ќе играат за пехарот во купот против Академија Пандев

Стоперот Каракамишев е јунакот на Силекс и со неговиот гол во 81-вата минута кратовци ја победи Струга Трим Лум на гостински терен и се пласираа во финалето на македонскиот куп.

Каракамишев беше најснаодлив во финишот, погоди со удар со глава за големо славење и прва победа на Силекс на гостувањата во Струга.

Домаќините по голот имаа и нов малер, останаа со 10-мина играчи во поле и покрај притисокот не успеаја да израмнат и да се изборат за пенали.

Силекс ќе го игра четвртото финале во клупската историја, а двапати беа победници, во 1994 и во 1997 година.

Противник во мечот за пехарот ќе им биде Академија Пандев, екипа која исто така како гостин вчера ја победи Македонија Ѓорче Петров со 3:1.

Финалето на македонскиот куп ќе се игра на 19 мај.

 

- Оглас -

Најнови вести