„Играј Одговорно“- кампања на Асоцијацијата на спортски обложувалници за одговорно обложување

Под слоганот „Играј Одговорно“, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) започнува кампања за одговорно спортско обложување. Кампањата има за цел подигнување на свесноста за одговорно спортско обложување и едукација на играчите дека спортското обложување е начин за игра и забава, а не нешто од кое треба да се очекува заработка и егзистенција.

„Програмите за едукација на вработените и играчите за неопходноста од почитување на законите и правилата, за важноста од одговорно спортско обложување и подигнување на свесноста за можните негативни влијанија се дел од стратегијата на АСОМ. Спортското обложување треба да биде начин за забава додека се следи натпреварот на омилениот тим, а не стил на живот или професија со заработка од која би се очекувало финансиско издржување. Со оваа кампања сакаме да укажеме на нашите цели и заложби- безбедно спортско окпружување и играчи без проблеми со обложувањето, грижа за нашите играчи и грижа за општеството во целост. Продолжуваме да создаваме услови за работа и кариера, активно да работиме на интензивирање на соработката со сите засегнати страни, да даваме придонес во носење и унапредување на регулативата, законите и подзаконскитеакти и секако, остануваме посветени на стратегијата за општествено одговорно делување во заедницата во која работиме“ – истакнува Васко Илијевски, Претседател на АСОМ.

Главните пораки и совети на кампањата „Играј одговорно“ кон играчите се да не се обложуваат со средства кои не можат да си ги дозволат, да не се обидуваат да ја надоместат загубата, да си постават граница за пари и време кое ќе го посветат на спортско обложување, без притоа да ги занемаруваат редовните работни и животни обврски.

Кампањата ќе се спроведува во спортските обложувалници, членки на АСОМ преку едукативни и промотивни материјали, како и на Facebook страницата на Асоцијацијата. (https://www.facebook.com/asom.org.mk).

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е формирана 2013 година, со мисија и цели за проактивно делување во насока на развој и унапредување на игрите на среќа. Игрите на среќа претставуваат силен импулс за државната и локалната економија, учествуваат со 4% во БДП на РС Македонија и придонесуваат со над од 250 милиони евра во државниот буџет. Целата стопанска гранка директно вработува повеќе од 8.000 луѓе, кои поддржуваат речиси 54.000 вработувања во други стопански гранки.

Повеќе информации за Асоцијација на спортски обложувалници на Македонија се достапни на www.asom.org.mk.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести