Диего Симеоне е кандидат за тренер на Интер според шпанските медиуми, кои објавија сензационално сценарио за 2022 година според кое можно е да дојде до трампа на релација Милано – Мадрид.
Се шпекулира дека постои варијанта популарниот Чоло да биде кормилар на Нероаѕурите, а Антонио Конте да го замени на клупата на Атлетико Мадрид.
Интересно е што и двете екипи одлично газат во своите првенства. Интер е лидер во Серија А со големи шанси за титулата, а Атлетико Мадрид е израмнет на врвот во Ла Лига со Реал Мадрид, но има меч помалку.
Вечерва играат против Бетис и со победа, или реми пак ќе бидат на врвот.
Објавата на шпанските медиуми ја пренесе и реномираниот италијански медиуми „Газета дело Спорт“, а варијантата е можна, бидејќи на двајцата тренери договорите им истекуваат идната година.