Пелистерци се засилија со младиот голман на Вардар 1961

Марко Кизиќ од следната сезона ќе брани за Еурофарм Пелистер откако членот на Вардар 1961 се согласи на тригодишен договор со екипата од Битола. Младиот голман на нашата ракомента репрезентација ќе се приклучи на својот нов тим по крајот на актуелната сезона, а ќе зе задржи најмалку до 2024 година.

Кизиќ има само 20 години, но веќе има искуство од настапи во Лигата на шампионите, а во новиот клуб ќе се приклучи по завршувањето на сезоната. Висок е 190 сантиметри со 89 килограми тежина, а Пелистерци очекуваат да ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција.

Еурофарм го потврди ангажманот на својата официјална фан-страница на „Фејсбук“, додека официјалната презентација на Кизиќ е закажана за пред почетокот на сезоната 2021/22.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести