Рома се пласира во полуфиналето од Лигата на Европа, така што вчерашното реми беше доволно да се елиминира Ајакс, а голот за конечни 1-1 го постигна Един Џеко во 72-рата минута.
Судбоносен момент се случи при израмнувачкиот гол, кој Џеко го прослави со помош на асистенцијата на младиот бек Рикардо Калафиори.
Имено, Џеко во октомври 2018 година му го посвети хет-трикот на тинејџерот на Рома остварен против Викторија П’лзењ во ЛШ, кој тогаш како 16-годишен талент се здоби со тешка повреда поради која можеше да ја заврши кариерата.
Сепак, Калафиори закрепна и во меѓувреме успеа да стигне до сениорскиот тим на Волчицата, па го искористи моментот да му се заблагодари на Џеко за поддршката со асистенција која се покажа како клучна во пласманот во топ 4 фазата од Лигата на Европа.
https://twitter.com/ASRomaEN/status/1382804715793223686