Зоран Даноски одигра велемајсторски во финишот на мечот меѓу Црвена ѕвезда и Радник во полуфиналето на Српскиот куп, но немаше среќа да погоди и да му обезбеди продолженија на аутсајдерот од Сурдулица.
Македонскиот интернационалец во финишот одлично ја прими топката на гради и со дроп-кик ја погоди пречката на голот на поранешниот европски првак.
Црвена Ѕвезда победи со 2:1 и се пласира во финалето, но Радник и Даноски можат да жалат што ударот во 85. минута не заврши во мрежата на „црвено-белите“ за продолженија.