Стојков има две четворки по ред, оди на полн погодок и петка со квота 206

3001 Џенова – Специја (Сабота 15 часот)

Дербито на Лигурија е многу значајно за двете екипи, кои се уште немаат обезбедено опстанок. Џенова има многу повеќе искуство како најстар клуб во Италија, а ќе игра против дебитантот во Серија А.

Одлично е што Горан Пандев е во топ-форма, дава голови и носи бодови за тимот, што можат да бидат клучни за задржување на прволигашкиот статус.

Проблем за Џенова е што имаат само една победа на последните 11 натпревари во Првата лига, што може да биде опасно за нив.

Мојот поранешен клуб Специја и покрај сите пробпеми со многу повреди игра многу солидна дебитантска сезона во Серија А и очекувам да ја продолжи серијата од најмалку еден постигнат гол што трае веќе 7 меча во Калчото.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.30)

 

3003 Саусоло – Сампдорија (Сабота, 20.45 часот)

Неутралните симпатизери на италијанскиот фудбал уживаат во одличните претстави на Сасуоло веќе неколку сезони по ред. Избраниците на Де Зерби играат убав фудбал, секогаш на победа, без разлика кој им е ривал што им носи и резултати и симпатии.

Го победија Милан во минатото коло и веројатно ја решија и трката за титулата. Саусоло има интересен тим со неколку играчи што вредат многу, а Распадори токму против Милан со два гола потврди дека се и расадник за таленти.

Ако ја победат Самдпорија ќе имаат шанси и за настап во еврокуповите и очекувам токму такво сценарио, триумф на домашниот тим, комбиниран со најмалку два гола во мрежата на Аудеро.

Предлог тип: 1&2+ (2.40)

 

3004 Беневенто – Удинезе (Недела, 12.30 часот)

Беневенто ќе бара бодови за спас против Удинезе, екипа која речиси сигурно ќе игра во Серија А и следната сезона. Зебрите имаат поквалитетен тим, но загубија од Беневенто во првиот дел од сезоната со 0:2 на домашен терен.

Домаќините имаат многу поголеми мотиви за победа и ја имаат и традицијата на своја страна, со само еден пораз од Удинезе на четири меѓусебни дуели.

Ова ќе биде тежок меч и за двете екипи, но мислам дека Беневенто е во подобра форма од Удинезе и дека ќе ги освои бодовите.

Предлог тип: 1 (3.00)

 

3005 Фиорентина – Јувентус (Недела, 15 часот) 

Јувентус е во незгодна ситуација по хаосот што настана со Суперлигата, а е во позиција да мора да победува ако сака да игра во Лигата на шампионите и следната сезона.

Оваа ќе сакаат што побрзо да ја заборават, бидејќи играат скромно за екипа што апсолутно доминираше и освои девет Скудета по ред.

Со Фиорентина имаат интересен ривалитет, но сега нема да ги имаат навивачите на Виола против себе, што е предност за Јувентус, бидејќи има подобар тим и е во нешто подобра форма.

Фиорентина успеа да го изненади Јувентус во Торино во првиот дел од сезоната кога победи со 3:0, но сега очекувам реванш на Старата дама и ќе типувам дека гол(ови) во второто полувреме во мрежата на домашниот тим ќе го решат мечот.

Предлог тип: Х-2 (4.60)

 

3008 Аталанта – Болоња (Недела, 20.45 часот)

Аталанта редовно ја победува Болоња во Бергамо и така е веќе 8 години по ред, или на шест дуели во серија. И сега домаќините се големи фаворити за победа што им е неопходна за да останат во квартетот најдобри што ќе ја претставуваат Италија во Лигата на шампионите.

Аталанта е и во серија од пет меча без пораз, има четири победи и едно реми и очекувам со нов триумф да продолжат сигурно кон целта. Со игрите што ги прикажуваат веќе подолг период „сино-црните“ од Бергамо заслужуваат нов настап во Лигата на шампионите.

Болоња е во безбедната зона, има неколку играчи што нема да играат против Аталанта, а се важни за тимот, па очекувам рутинска победа на домашната екипа.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.70)

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести