Добра најава за фудбалерите – Кошаркарите на Реал не дозволија брза елиминација во Евролигата

Реал Мадрид не дозволи брза елиминација од Анадолу Ефес и го доби третиот меч од четвртфиналната серија во Евролигата, со што намали на 1:2.

Кралскиот клуб вечерва во Мадрид славеше со 80:76 и ќе има шанса да одигра најмалку уште еден натпревар против турскиот тим во серијата „подобар од пет меча“.

Капитенот Серхио Љуљ конечно одигра како што умее и беше вистински лидер на теренот во Мадрид. Постигна 20 поени, имаше и 7 асистенции за прва победа на шпанскиот гигант против Ефес.

Реал успеа да приреди подвиг во последната четвртина, што ја доби убедливо со 32:18, со што анулира цели 10 поени негатива, 48:58, со која влезе во последните 10 минути од третиот меч.

Кралскиот клуб во еден момент од третата четвртина имаше и 15 поени негатива, 40:55, но успеа да приреди подвиг и да остане во игра за пласман во полуфиналето.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1387108899761922053?s=20

Прв стрелец на мечот беше Владимир Мициќ, бекот на турскиот тим со 29 поени, искомбинира и шест асистенции, но Ефес не успеа по куса постапка да го елиминира најтрофејниот клуб во Европа.

Следниот меч ќе се игра повторно во Мадрид, на 29 април, а ако повторно Реал победи, ќе се игра мајсторка во Истанбул.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести