Блеф или сериозно? Рајола се закани дека ќе го продаде Халанд во Баерн!

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд по завршувањето на сезонава би можел да ја напушти Борусија Дортмунд бидејќи за него се интересираат некои од најголемите европски клубови, но клубот од Дортмунд засега не сака ни да чуе да ја продаде својата ѕвезда.

Менаџерот Мино Рајола минатиот месец беше на разговори со Барселона, Реал Мадрид и некои англиски премиерлигаши, ги слушна понудите, но од Борусија порачаа дека Норвежанецот не е на продажба. Халанд бара нов предизвик, желбата кај него за трансфер ќе се зголеми ако тимот не се пласира во Лигата на шампионите.

Наредното лето се активира откупна клаузула од 80 до 100 милиони евра и тогаш Борусија ќе мора да преговара. Рајола на раководството на Милионерите им порачал дека е попаметно летово да го продадат Халанд и така повеќе да заработат, но истотака се заканил дека ако не сакаат да го пуштат летово, следното Ерлинг ќе замине во ривалот Баерн Минхен.

Не би било ништо ново голема ѕвезда на Борусија да замине во Баерн. Такви беа случаите со Роберт Левандовски, Матс Хумелс и Марио Геце. Евентуален трансфер на Халанд во Баерн би бил многу болен за навивачите од Дортмунд.

Борусија е тежок преговарач, спречува уште еден голем трансфер, оној на Џејдон Санчо во Манчестер јунајтед, но Рајола верува дека од страв да не замине во Баерн, сепак ќе се согласат за големи пари да го пуштат во странски клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести