Јунак е Силва, одигра цел меч со тешка повреда (Фото)

Бразилецот Игор Силва доживеа многу незгодна повреда на прстот на левата рака и се чинеше дека нема да може да продолжи да игра, но остана на терен по лекарската интервенција.

Десниот бек на Осиек незгодно падна и го дислоцира прстот. Повредата изгледаше многу незгодно, но ја санира медицинската екипа, па Силва продолжи да игра за Осиек на гостувањето кај Горица.

Во продолжението на мечот не можеше да изведува аути, бидејќи очигледно чувствуваше болка кај повредениот прст. Бразилецот го одигра целиот меч, но Осиек загуби со 1:0 од Горица.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести