Второто место е голем влог за победа на Вардар против Кјелце

Вардар ќе игра за шеста победа во десеттиот меч во А групата од Лигата на шампионите, а триумф против добропознатиот ривал Кјелце му носи презимување на македонскиот шампион на втората позиција. Барем до февруари, кога ќе продолжи серијалот мечеви во фазата по групи.

Полскиот тим славеше на првиот меч со 31:27, а им остана должник на „црвено-црните“ и со грубата игра и инцидентот меѓу Душебаев и Шишкарев. Од старите долгови е и победата на полскиот состав во Скопје во 2015 година, кога славеа со 22:20 и се пласираа на фајналфор турнирот.

„Ова е директен дуел за второто место во групата. Тежок ривал, но играме дома и добро се подготвуваме. Многу сакаме да победиме, посебно против Кјелце и да бидеме на второто место за крај на 2018 година. Наше е да излеземе на терен и да дадеме сè од себе да ги победиме Полјаците“, додаде капитенот Стоилов.

Меѓу гостите денеска од 17.30 часот во салата „Јане Сандански“ во полскиот табор ќе бидат и поранешните вардарци, Алекс Душебаев и Лука Циндриќ. Тие се меѓу главните адути на Кјелце, екипа која има пет победи во 7 меча против Вардар.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести