Во главниот град најубави се добивките со игри на голови

Играта ГГ4+ при влог само од 100 денари се покажа како добитна комбинација за клиент на Sport Life од Скопје. Неговиот тикет со добивка од 88.059 денари доаѓа од уплатното место „Скопјанка“, а шесте пара кои ги типуваше носат убави квоти од најмала 2.40 до највисока 5.

На дуелите во коишто играа Стразбур, Аталанта, Шлонск и Мехелен имаше повеќе голови од минимумот кој се бараше, додека Манчестер јунајтед со гостинската победа од 1-3 кај Астон вила, како и ремито од 2-2 меѓу Лозана и Цирих ја комплетираа добитната комбинација.

НАЈСЛАТКА Е ДОБИВКАТА ДО КОЈА СЕ СТИГА САМО ПО ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ

Треба да си мајстор само за 45 минути да претвориш 500 денари во 208.828, или малку повеќе од 3.300 евра. Само три натпревари му беа потребни на обложувачот чиј добитен тикет доаѓа од Карпош за си ги наполни џебовите.

Лидс против Тотенхем уште на полувремето водеше со 2-1, идентичен резултатот по 45 минути беше и во дуелот меѓу Гројтер Фирт и Карлсруе, но во корист на гостите. Вториот тим на Спартак Москва и исто така водеше со 2-1 против Јарослави во првиот дел од средбата.

ВРЕДИ ДА СЕ ЧЕКА ТРИ ДЕНА ЗА ДОБИВКА ОД РЕЧИСИ 1.500 ЕВРА

Прилепчанец ги врза реваншите од Лигата на Европа со првенствени дуели од петок и сабота и само со 40 денари си доби 89.144 денари. Вредеше тридневното чекање особено ако се знае дека победата на Кадис од 2-1 против Уеска му носеше највисока квота на тикетот од 9.75 за типот 1-1&3+.

Португалското дерби меѓу Бенфика и Порто во кое се делеа бодови при 1-1 беше добар старт за добитната комбинација. Арсенал и Вилјареал без голови одиграа во реваншот, додека Рома со пресврт славеше пирова победа против Манчестер јунајтед од 3-2, за обичен „кец“.

Лестер се избламира на домашен терен против Њукасл во поразот од 2-4, а обложувачот чекаше да паднат барем по еден гол на двете страни. Лил убедливо триумфираше на гостувањето кај Ленс со 3-0, победа која ги води Данските доги кон титулата во Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести