Лапорт од Манчестер сити на претстојното Европско првенство ќе игра за Шпанија!

Фудбалската репрезентација на Шпанија неочекувано доби големо засилување за претстојното Европско првенство бидејќи денеска шпанско државјанство доби Ејмерик Лапорт од Манчестер сити, па тој ќе му се стави на располагање на Луис Енрике.

Дефанзивецот Лапорт е роден во Франција, играше за младинските селекции на Франција за играчи до 17, 18, 19 и 21 година, но реши да настапува за сениорскиот национален тим на Шпанија. Лапорт го искористи новото правило на ФИФА дека играч кој до својата 21 година играл помалку од пет меча за една земја, да смее да игра за друга.

Лапорт во својата кариера играше за Атлетик Билбао, добро го зборува шпанскиот јазик. За сениорската селекција на Франција нема одиграно ниту една средба и ги исполнува сите услови на 26 години да стане шпански репрезентативец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести