На еден месец пред почетокот на Европското првенство во фудбал, обложувалниците Sport Life ги обелоденија квотите за натпреварите од континенталниот шампионат кој е историски за нашата земја, бидејќи Македонија првпат игра на овој голем настан.
Според квотите кои ги одредија букмејкерите, екипата на селекторот Игор Ангеловски е голем аутсајдер на сите три натпревари во првата групна фаза. Прв ривал ни е Австрија на 13-ти јуни во 18 часот во Букурешт, а коефициентот за победа на Рисовите предводени од Горан Пандев е дури 6.50.
Втор настап ќе биде оној против Украина на 17ти јуни, истотака во главниот град на Романија, а квотата за победа на Црвено-жолтите е 5.35. Третиот меч за избраниците на Ангеловски на ЕП ќе биде гостувањето во Амстердам кај Холандија на 21-ви јуни, а за победа на македонската репрезентација на тој меч, квотата во моментов е дури 13.5.
На сајтот на Sport Life може да ги погледнете сите квоти за средбите од групната фаза.