Лестер првпат го освои ФА купот, имаше асистенција и од ВАР (Видео)

Лестер за првпат во својата клупска историја, успеа да го освои ФА купот. Во денешното финале на „Вембли“ на кое имаше и публика на трибините, Лисиците го победија Челзи со 1-0, со гол на Јури Тилеманс.

Тилеманс е третиот Белгиец кој дал гол во финале на ФА купот после Де Бројне и Азар, и продолжи серијата секогаш кога некој играч од Белгија постигнува погодок, неговиот тим победува. Пред да го даде голот Тилеманс, Сините од Лондон бараа играње со рака на еден играч на Лестер, но голот важеше. Во финишот, Челзи даде гол за 1-1, но по прегледување на ВАР, беше поништен.

https://twitter.com/i/status/1393622598437638150

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести