Фудбалерите на Лестер, Хамза Чадури и Весли Фофана, првата клупска титула во ФА купот ја славеа со палестинско знаме на „Вембли“ во Лондон.
Додека се играше финалето кое Лестер го доби против Челзи со 1-0, гинеа луѓе во појасот Газа, тензиите меѓу Израелците и Палестинците се големи, а илјадници муслимани протестираа по улиците на Даблин и други градови во поддршка на Палестинците.
Чадури е 23-годишен Англичанец и играше во завршницата, додека 20-годишниот Французин Фофана е еден од клучните дефанзивци на Лисиците.