Поранешен фудбалер на Вардар спаси жива глава во војната во Израел

Ибезито Огбона е поранешен фудбалер на Вардар кој ги бранеше боите на Црвено-црните во сезоната 2012/13. Екснигерискиот интернационален вчера беше повреден во Ашдод, Израел, откако неговата куќа беше погодена во бомбардирањето.

За среќа, Огбона помина со полесни повреди кои беа санирани во болница, па преку „Фејсбук“ се огласи дека е жив и здрав.

„Жив сум и добар, меѓутоа мојот дом е уништен“, посочи Ибезито преку социјалните мрежи.

Инаку поранешниот вардарец моментално е член на локалниот клуб Агудат.

- Оглас -

Најнови вести