Ждрепката за ЕП ги однесе македонските одбојкари во Финска

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, своето второ учество на европските првенства ќе го почне во Финска. Денешната ждрепка за септемвриското ЕП, сакаше нашиот национален тим да се најде во групата Ц која ќе се игра во финскиот град Тампере.

Противници на Црвено-жолтите ќе бидат домашната Финска, Русија, Холандија, Турција и Шпанија. Групата можеше да биде и многу потешка, но играњето во далечната Финска не е баш поволно за нашите навивачи кои сакаат да го бодрат популарните Спартанци предводени од Никола Ѓорѓиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести