УЕФА пред извесно време излезе со став дека вакцинирањето на играчите пред Европското првенство не е задолжително, но е пожелно со цел да се сведат на минимум евентуални проблеми со ковид-19 кои би му наштетиле на самото натпреварување.
Повеќето репрезентации посегнаа по вакцините, но има и такви фудбалери кои се противат на вакцинирање. Меѓу нив е ѕвездата на Холандија, Матајс Де Лихт, кој ќе биде противник на Македонија во групата Ц.
„Не се вакцинирав бидејќи не е задолжително. Сметам дека секој има право да одбере што е најдобро за своето тело. Се држам до мерките како што се дистанцирање и настојавам да бидам во што помалку контакт со луѓе надвор од националниот тим“, истакна дефанзивецот на Јувентус.
Инаку, пред неколку дена селекторот Франк Де Бур потврди дека повеќето негови фудбалери се вакцинирани, а само шестмина одбија такво нешто. Покрај Де Лихт, холандскиот медиуми тврдат дека истиот избор го направи и Мемфис Депај.