Игор Ангеловски е задоволен од победата на Македонија против Казахстан со 4:0, а особено и по одличниот настап на резервните фудбалери.
Тихомир Костадинов беше асистент за вториот гол, а потоа дебитантски голови за Македонија постигнаа Милан Ристовски и Дарко Чурлинов.
Во периодот од 74. до 76. минута нашите таленти од кои многу се очекува постигнаа прекрасни први голови во дресот со наципнално обележја.
„Задоволен сум од двата контролни натпревари и со Словенија и против Казахстан. Токму и послужија за целта што ја планиравме, да видиме до каде сме и да им дадеме шанса и на помладите да одиграат за репрезентацијата. Им честитам на Милан и на Дарко за првите голови за репрезентацијата. Македонија ќе игра фудбал на европското првенство, а секако дека се надеваме на успех и мислам дека со право очекуваме добри резултати“, изјави Ангеловски.