Доминацијата продолжува: МЗТ Скопје Аеродром со осма титула во последните 10 години

МЗТ Скопје Аеродром во своите витрини ја донесе осмата титула наменета за шампионот во македонското првенство. Аеродромци во својата сала “Јане Сандански” го победија Еуро Никел со 89:78 и со 3:0 во победи го добија големото финале.

Со овој пехар, МЗТ Скопје Аеродром ја поврди доминацијата на домашна сцена, затоа што во последните 10 години, тие се радуваа на осум трофеи во првенството, а беа најдобри и во сезоната која беше прекината поради пандемијата од Коронавирусот.

Освен трофејот во првенството, МЗТ сезонава го освои и Купот на Македонија, што значи дека завршуваат со двојна круна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести