Јокиќ и официјално прогласен за МВП, Ембид прикажа плејоф-партија на кариерата (Видео)

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е прогласен за најкорисен кошаркар во НБА-лигата сезонава. Јокиќ, кој во најсилната кошаркарска лига на светот влезе во 2014 година како 41-ви пик на драфтот, стана најниско драфтуван играч кој некогаш станал МВП, стана првиот МВП од редовите на Нагетс и со тоа испиша историја. Јокиќ сезонава ги одигра сите мечеви во регуларната сезона и имаше просек од 26,4 поени и 10,8 скока по меч, што му се лични рекорди.

Главен противкандидат на Јокиќ му беше Џоел Ембид од Филаделфија, Камерунецот кој откако дозна дека е втор и наградата оди во рацете на српскиот Џокер, како од инает прикажа одлична игра против Атланта и помогна 76-ките да изедначат на 1-1 во источното полуфинале. Во победата од 118-102, Ембид имаше личен плејоф-рекорд од 40 поени, а собра и 13 скока.

На Западот, Јута го победи ЛА клиперс со 112-109 и поведе со 1-0. Гостите од Лос Анџелес беа подобри во првото полувреме, но Џезерите кои имаа 21 утка по ред во првата четвртина, се разиграа во второто полувреме и направија пресврт. Донован Мичел со 45 поени, од кои 32 во второто полувреме, беше најефикасен поединец.

Ова е блокадата на Руди Гобер со која Французинот не дозволи Клиперс да шутне тројка за евентуално изедначување:

- Оглас -

Најнови вести