Капитенот Кузмановски купил 40 билети за македонски навивачи кои немале влезници пред мечот со Гвинеја

Освен лидер на теренот, Филип Кузмановски се покажал и како вистински лидер и надвор од салата. Пред мечот со Гвинеја околу 40 македонски навивачи немале билети за дуелот против Гвинеја, но токму популарниот Фитиљ бил тој кој решил да плати за да може сите оние кои биле пред салата, да влезат во „Арена Вараждин“ и да дадат поддршка за македонската репрезентација.

„Едно големо браво за Филип Кузмановски, 40 карти купени од него дадени на навивачите надвор кои беа без карта!“, стои на фејсбук страната Приказни од булеварот.

Македонија славеше со 29:20 над Гвинеја и со оваа победа само го потврди пласманот во главната групна фаза, каде следни противници ќе ни бидат Австрија, Катар и Франција. Кузмановски имаше видување за тоа што досега се случи на Мундијалот, но и за тоа како треба Македонија да одигра во следните три средби. 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести