Браво за Македонија, ќе играат на ЕП во Букурешт, ние ќе си ги лечиме раните на свој терен

Дину Георге, поранешниот претседател на Рапид Букурешт, ѝ посака многу успех на Македонија на Европското првенство, а вели дека жали за неуспехот на романската репрезентација.

Букурешт и Романија се домаќини на шампионатот, кој заеднички се организира во 11 градови во Европа, а интересно е што избраниците на Мирел Радои нема да играат на ЕП.

„Браво за Македонија. Ќе играат за првпат на Европско првенство, и тоа кај нас во Букурешт, а ние ќе си седиме дома и ќе си ги лечиме раните од неуспехот. Тоа се принципите на Мирел Радои, кој не успеа да ја одведе Романија на ЕП. Македонците се дебитанти, Австрија не е веќе селекција од голем калибар, па можеби само Украинците се на нашето ниво. Романија пропушти огромна шанса да игра пред своја публика на ЕП и да забележи добар успех“, вели Георге.

Георге стана претседател на Рапид една деценија по двомечот на тимот од Букурешт против Вардар во 2005 година, во второто квалификациско коло за настап во Лигата на Европа.

Тогашен прв човек на Рапид беше Георге Копош, а тимот од Ѓулешти го елиминира Вардар со победа во Букурешт од 3:0 и реми во Скопје 1:1.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести