Доказ дека атмосферата во македонската фудбалска репрезентација е одлична, покажуваат и снимките од хотелот во кој е сместена нашата експедиција. Елиф Елмас е во главна улога. Ѕвездата на Наполи со себе носи голем звучник, на кој ечеше песната „Ќе пијам, ќе лумпувам“ од легендарниот пејач Гоце Арнаудов.
Посакуваме вака весело да биде и по завршувањето на трите меча во групната фаза против Австрија, Швајцарија и Холандија.
https://twitter.com/i/status/1402953932540887041