Џани знае да се забавува – Потпиша договор за ЕП со романската жандармерија (Фото)

Џани Алиоски продолжи со своите лудории и само потврди дека атмосферата во македонскиот табор во Букурешт е одлична само на три дена пред дебитантскиот настап на Европското првенство.

Елиф Елмас и Дарко Чурлинов се нашите диџеи во Букурешт, а за неочекувани ситуации и моменти се грижи Алиоски.

На денешниот тренинг во главниот град на Романија, Алиоски се обиде и како полицаец, а фотографијата што е објавена во возилото на романската жандармерија е хит на социјалните мрежи.

Џани сè уште не знае каде ќе настапува идната сезона, навивачите на Лидс очекуваат да го продолжи престојот во нивниот клуб бидејќи им е еден од омилените играчи, а тој веќе потпиша привремен договор за ЕП со романската жандармерија.

Македонија ќе го почне настапот на ЕП на 13 јуни против Австрија од 18 часот на Националната арена во Букурешт, потоа на истото место на 17 јуни од 15 часот ќе играме со Украина, па следува преселба во Амстердам и меч со Холандија на 21 јуни од 18 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести