Голема победа, УЕФА објави дека Ериксен е во стабилна состојба!

Кристијан Ериксен бил жив и свесен кога бил изнесен од стадионот во Копенхаген, и пренесен на испитувања во болница. Ова е добрата вест која се шири по медиумите и социјалните мрежи. Од УЕФА потврдија дека Ериксен е во стабилна состојба, и за 15 минути ќе се знае каква ќе биде судбината на мечот Данска – Финска кој беше прекинат.

Се појави фотографија на која се гледа дека Ериксен е свесен и тоа давапе оптимизам дека лекарите ќе успеат во битката и фудбалерот кој има 29 години, ќе го преживее овој срцев удар.

 

- Оглас -

Најнови вести